Несреќата се случила на патот за место викано Поник, кон правец на место викано Летница, близу малата хидроелектрана Рамниште.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 мај, 2019 23:35

Возило на „ЕМС“ на Анѓушев се превртило на Галичица, настанот го сокриле од МВР??

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера, на 30 април, рано утрината возило на ЕМС се превртело во атарот на Село Рамне во општина Охрид.

Несреќата се случила вчера, но овој случај не бил пријавен во полиција

Несреќата се случила на патот за место викано Поник, кон правец на место викано Летница, близу малата хидроелектрана Рамниште. Фирмата „ЕМС“ од Скопје, која раководи со хидроцентралите на Летничките и Беличките Извори, по пат на јавно приватно партнерство со МЈП „Проаква“ Охрид, е во сопственост на вице премиерот Кочо Анѓушев.

Инаку теренското возило, кое се превртело било од марката „Мицибуши“ а се движело кон Хидроцентралата „Рамниште“. Несреќата се случила откако возачот изгубил контрола на воланот, и возилото се превртело, пренесува порталот Охрид Скај.

Несреќата била забележана од НП Галичица. Од МВР Скопје велат дека фирмата „ЕМС“ од Скопје, воопшто не го пријавила во полиција. Тука се поставува прашањето дали нешто сокривале и што, која е целта на сокривање на севкупниот настан и непријавивањето во полиција, и кој го управувал возилото и со која цел?

Инаку Анѓушев од 2000 до 2002 година,  ја извршува функцијата помошен генерален директор за производство и управување во Електростопанство на Македонија (ЕСМ), каде е одговорен за организирање на домашното производство на електрична енергија, инвестициското одржување на електраните и рудниците и спроведување на проекти за нивна модернизација и рехабилитација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.