СБ: Земјата нема политика за поттикнување на економски раст

Објавил: admin@magazin | 4 април, 2019 11:49

Како економскиот напредок господа Анѓушев и Заев, слабо а ?!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ако според Светска банка јавниот долг расте, половина од населението е без работа, Македонија бележи најниска продуктивност во однос на земјите од регионот, каде е напредокот во економијата господа Заев и Анѓушев?

Ако сточарите и земјоделците се незадоволни, ако бизнисменте се збунети од новите даноци и промените кои дојдоа со промената на името, ако Германците нѝ дадоа обична „нула“, каде се реформите што толку силно сакавме да ги видиме во овие две години во ваше владение?

Каде се проектите за младите умови? Секој ден полни автобуси и летови во еден правец. Македонија е земја на пензионери, млади нема ни за лек. Со право, сите си бараат подобра иднина… Важно вашите бизниси во меѓувреме цветаат.

Светска банка во најновиот извештај нотираше и слабости во фискалната политика на Владата.

Згора на тоа, платата не е 500 евра, а Светска банка дури смета дека зголемувањето на минималната плата ќе удри по текстилната индустрија.

Светска банка во најновиот извештај нотираше и слабости во фискалната политика на Владата.

„Поради трошоците за плати во јавниот сектор и ненасочените социјални програми, кои го сочинуваат најголемиот дел од јавната потрошувачка, неопходно е да се подобри ефикасноста на фискалната политика, се нотира во извештајот.

Сања Маџаровиќ Шујстер, виш економист за Светска Банка во регионот, рече дека „Северна“ Македонија мора да изнајде начин и да развие политика за поттикнување на економскиот раст.

Можеби си ги „набутавте“ пријателите и роднините во јавниот сектор, а тоа што приватниот сектор „кубури“ не е битно. Битно блиските, најблиските на најблиските…..и нивните најблиски се решени. А тоа што во приватниот сектор владеат „чорбаџии’ и народот или работи ангарија или зема „шугави“ двесте евра, нема врска. Сто стапа по туѓ грб не болат.

Во продолжение, доказ од Светска банка :во извештајот се подвлекува дека во 2018 година темпото на креирање работни места е забавено, како одраз на ограничената динамичност на приватниот сектор. Бојан Шимов, претставник на Светска Банка во Северна Македонија, рече дека по закрепнувањето на политичката клима, земјава треба да им посвети внимание на економските реформи.

Светска банка  останува на проекциите за економскиот раст на државава кој годинава ќе изнесува 2,9 проценти и очекува негово постепено зголемување до 3,2 процента во следната година.

Според извештајот на Светска банка,, јавниот долг на Македонија за 2018 бележи раст во споредба со 2017. Сега изнесува околу 49% од БДП. Министерот за финансии, Драган Тевдовски рече дека со мерките што ги презема Владата, успеале доволно да го спречат растот на јавниот долг.

Според извештајот на Светска Банка, земјава во 2019 ќе има економски раст од 2.9%, а во меѓувреме вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, рече дека и покрај прогнозите на Светска банка, ветениот економски раст од 3.2% може да се реализира. Тој рече дека базирајќи се на фактичките резултати, само во првиот квартал од 2019 БДП се очекува да биде повисок од цела година.

Владата треба да ги насочи јавните финансии кон зголемување на вработеноста и на продуктивноста, а неопходни се и поголеми инвестиции во човечки капитал, образование, здравство и во социијалната сфера. Ова се само дел од забелешките на академик Абдулменаф Беџети.

Тој смета дека има буџетски корисници кои нерационално се однесуваат со јавните пари и за тоа се потребни посилни механизми за контрола на трошењето.

„Сѐ уште има градоначалници кои се однесуваат ноншалантно, сѐ уште имаме  директори на културни домови, на театри на не знам какви институции кои земаат јавни пари, а се однесуваат како тоа да се нивни пари, а не наши, на сите граѓани. Токму поради ова треба да се направи огромна фискална дисциплина“, вели академик Беџети за Алсат М.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...