Работниците од „Еурокомпозит’ имаат неземени заостанати плати и придонеси за околу шест години

Објавил: admin@magazin | 29 март, 2019 14:43

Владатa неспособна да го реши „Еурокомпозит“, само празни ветувања, вработените на штрајк

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Вработените во „Еурокомопозит“ кои се прогласени за тешнолошки вишок од прилепската наменска фабрика, денеска повторно се собраа на штрајк пред компанијата.

Владата во неколку наврати им вети на вработените дека ќе ги наминат проблемите, но останаа само празни ветувања. Вработените во „Еурокомпозит“ штрајкуваа и во 2017 и во 2018 година.

Тие бараат конкретни одговори, кога ќе им се исплатат отпремнините. Им било ветено дека сѐ ќе се реши до 22 март, но досега нема ништо.

Жарко Талески од Иницијативниот одбор вели дека го прашал вицепремиерот Кочо Анѓушев при неговото гостување на национална телевизија, и тој рекол дека за еден и пол месец ќе има конкретни резултати.

„Анѓушев рече дека има двајца заинтересирани инвеститори, иако очекувавме повеќе. За еден месец до месец и половина ќе се реши и приоритет ќе биле исплатите на отпремнините и на три плати на оние кои останаа на работа. Заостанатите плати да се исплаќаат процентуално“, вели Талески.

Пеце Велјановски наведе дека ветувањата дадени при средбите на Иницијативниот одбор со државниот капитал во Скопје на осми март, дека за две недели ќе си ги добијат парите, не се остварени.

„Ни беше речено дека најдоцна за две недели по средбата на осми овој месец ќе се исплатат парите, ќе имало договор за изработка на шлемови во фабриката, но нема никаква најава“, вели Велјановски.

За тешнолошки вишок во „Еурокомпозит“ се прогласени 154 работници, а 60-ина останаа на работа во фабриката, од кои, според работниците, најголемиот дел се администрација.

До сега секој работник во просек треба да добие отпремнинина од околу 100.000 денари, 130 работници добиле по 30.000 денари, а 24 кои заминаа последни како технолошки вишок, имаат добиено само по 5.000 денари. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...