Пред неколку минути, погребно претпријатие го одведоа Џеј од неговиот стан, каде што починал и каде живеел со својата девојка до моментот на неговата смрт, која ја контактирала брзата помош кога одеднаш му се слошило!
Голем број пејачи од македонската и српска сцена со фотографија од него, му кажаа последно збогум.
Џеј неодамна во интервју изјавил дека е во строг карантин поради здравствените проблеми кои ги има и дека коронавирусот би бил погубен по него.
Најдобриот пријател на Џеј Рамадановски, кој почина денеска на 56 години, се огласи за српските медиуми.
Зоран Јагодиќ Руле кратко изјавил што се случувало во домот на пејачот.
Почина, замина мојот брат. 25 години бевме нераздвојни. Заспа и не се разбуди. Пред еден час. Тука сум со ќерките, мора да видиме каква е процедурата. Се слушавме секој ден, не излегуваше од дома. Имаше лесна операција на срцето, срцето го издаде, изјавил кусо пријателот на Џеј.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.