Шекеринска, НАТО интегративна, македонските војници ќе ги прави домари, болничари и шумари, а по рамковен ќе вработува нови 375 само за мир во владината коалиција со ДУИ

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2018 7:44

Војниците стануваат стражари и портири, Шекеринска вработува нови, по Рамковен

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Целта ни е оваа година дополнителни 375 професионални војници да бидат примени во составот на Армијата, бидејќи на Армијата и треба подмладување, изјави на пратеничко прашање, министерката Шекеринска.

Сепак, подоцна се појасни дека иако во МО има вишок на кадар, новите вработувања ќе бидат по рамковен за етничките заедници.

За жал во право сте, во првите два испитни турноса бројката на примени припадници и на албанската заедница, меѓутоа дел и на другите заедници беше низок. – рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на прашање на пратеникот Реџаљ Исмаили од ДУИ попладнево на собраниска седница.

Меѓутоа, како што додаде, министерот освен тоа што мора да води сметка и за уставните принципи, еден од тие важни принципи е и правичната застапеност мора да води сметка и за законските принципи.

Сакам да ви кажам дека буквално секој припадник на албанската заедница којшто ги исполни формалните услови беше примен. Во последниов конкурс во којшто ќе се бираат дополнителни 125 војници од вкупниот број на пријавени кандидати само 40 се албанци.

Значи, веќе од стартот при кандидатите имаме помал број и можеби сте во право дека еден дел и губат верба и затоа и не конкурираат. Бидејќи и во претходните процеси имаше одредени коментари дека проблемите со поминување на одреден дел од тестовите можеби биле врзани и со некаков скриен тип на дискриминација по реакција на некој од кандидатите и писмо и разговор со Народниот правобранител се договоривме, јас целосно се согласувам, дека и тие треба да го разгледаат целиот процес. – истакна Шекеринска.

Тоа, според неа, не се работи во кои како политичари треба да се мешаат, меѓутоа мора да гарантираат дека во процесот не постои дури ни страв од дискриминација. Додаде дека вистинското решение треба да се бара во измена на Законот.

Изјавата на министерката во најмала рака е скандалозна, затоа што следи по изјавата дека следната година голем процент од армискиот состав поради преголема вработеност ќе биде прераспределен во посебни, независни претпријатија а добар дел ќе станат обезбедувачи на болници, домари и шумари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.