Никој е сакал да вештачи за СЈО, па Јанева ангажирала странска фирма со претставништво во Македонија, која немасто 100 евра им напраќала по 2.500 евра, народни пари

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 11:25

Во Македонија нема вештак што сака да работи за СЈО?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Не постоеше вештак кој во тоа време прифаќаше да вештачи за Специјалното Јавно обвинителство, а ги нема ни сега.

На сите професори им беше понудено, но кога ќе видеа за што се работи ќе одбиеја. Затоа мораше да ангажираме странска фирма со претставништво во Македонија, одговори обвинителот Гаврил Бубевски на јавната седница во Апелациониот суд во Скопје за жалбите за затворските казни на Никола Груевски и Ѓоко Поповски во случајот “Тенк”.

Претходно, адвокатот на Поповски, Стерјо Зиков во неговото излагање оспорувајќи ги вештачењата рече дека меѓу другото СЈО за две вештачења платило 5.000 евра или по 2.500 евра за вештачење.

Вообичаено, рече адвокатот, такви вештачења тој плаќа од 100 до 200 евра.

Бубевски во неговото излагање во второстепениот суд порача и дека делото на Груевски во случајот со блиндираниот мерцедес не е застарено бидејќи против поранешниот премиер има пет обвиненија и за потешки дела. Според закон, се повика обвинителот, застареноста се прекинува ако обвинетиот потоа стори други потешки кривично дела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.