Армијата на Србија ја започна меѓународната теренската вежба за управување со последици од вонредни ситуации, вежба која медиумите ја дочекаа со осуда за НАТО присуството

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 октомври, 2018 10:45

Во Милановац почнува воената вежба СРБИЈА 2018

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во Младеновац денеска почнува меѓународната теренската вежба за управување со последици од вонредни ситуации СРБИЈА 2018.

На церемонијата ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Вежбата, што ќе трае до 11 октормври, ќе се одвива под по на Евроатланскиот координативен центар за вонредни состојби, кој е специјализиран дел на НАТО за реагирање во случај на природни кататстрофи, а како сценарио за вежбата е избран земјотрес.

На вежбата, која во српските медиуми е насловена како “Најголема НАТО вежба во Србија”, ќе учествуваат 24 меѓународни тимови од 37 земји, со над 900 учесници од Србија, кои ќе го увежбуваат итниот одговор на вонредни соотојби во случај на природни кататстрофи или хемијско-биолошки инциденти.

Претседателот Александар Вучиќ и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по вежбата во Белград ќе учествуваат на посебен настан во рамките на Белградскиот безбедоносен форум, каде ќе дебатираат на темата “Лидерство за безбедност на регионот”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.