Регистрирани сe 4.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 23,0% во однос на минатата недела.

Објавил: Перо Милчин | 10 март, 2021 20:49

ВО ОДНОС НАПРЕТХОДНАТА НЕДЕЛА, ЗА 23,0% ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА НОВИ СЛУЧАИ – НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД РЕГИСТРИРАНИТЕ СЛУЧАИ ВО СКОПЈЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 1 до 7 март 2021, тестирани се вкупно 21.090 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,6% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 4.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 23,0% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.160; 48,3%), со неделна инциденца – 349,7/100.000.

Највисока неделна инциденца од 847,9/100.000 е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија)
Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 13,2 до 26,7%, или во просек 20,9%, 3% повеќе во споредба со минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.026, 23,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=895; 20,1%), 40-49 (n=803; 17,8%), 50-59 (n=778; 17,4%) и 20-29 (n=626; 14,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=104; 2,3%) и 10-19 години (n=231; 5,2%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.895 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, зголемен за 2,2 пати во споредба со минатата недела.
Пријавени се 57 смртни случаи од 16 градови, 17,4% помалку во однос на минатата недела.

Во однос на возраста, 50 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи 30-39 и 40-49 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 1 до 7 март 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...