На листата има вкупно 23-ца кандидати за општинскиот совет, а повеќе од половината од нив се брачни партнери.

Објавил: Перо Милчин | 18 септември, 2021 8:16

Во Охрид на советничка листа се најдоа шест брачни парови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шест брачни парови се најдоа на советничката листа на Левица во Охрид, објави Фокус, а тоа го потврдуваат и од раководството на партијата во градот. На листата има вкупно 23-ца кандидати за општинскиот совет, а повеќе од половината од нив се брачни партнери.

Имаме брачни парови, наши кандидати, кои заслужуваа да бидат листата. Имаме и кандидати кои се активисти со исто презиме, а не се ниту роднини, тоа е примерот со Ристески. Бројот на брачни парови-кандидати е шест“, вели за Фокус носителката на листата, Виолета Аврамоска.

Шест брачни парови се најдоа на советничката листа на Левица во Охрид!

На прашањето, доколку сопружници успеат да влезат во Советот, дали на тоа се гледа како на чекор кој би донел продуктивност за граѓаните, или пак би можело да има несакани ефекти во носењето на одлуки, Аврамоска е категорична и тврди дека сите активисти си работат посебно, без оглед на тоа дали се сопружници или не.

„Сите тие активисти си работат посебно, секој со своите способности. Секој од нив придонесе да се изгради огранокот во Охрид. Независно дали се брачни парови, секако дека нивното работење во Советот би било продуктивно и не би предизвикало никакви несакани ефекти“, тврди Аврамоска, појаснувајќи дека во своите редови имаат неколку правници, асистент на архитектонски факултет, студенти на медицина и на правен факултет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.