Најново метео

Објавил: admin@magazin | 7 март, 2022 17:32

ВО ТЕКОТ НА НЕДЕЛАВА СЛЕДУВА НЕВООБИЧАЕН СТУД ЗА МАРТ МЕСЕЦ – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ ПОД -10°C

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со повремени локални врнежи претежно од снег. Само на некои пониски места ќе има услови за врнежи од дожд и снег.

Повеќе врнежи ќе има во вечерните и во ноќните часови, и тоа во јужните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, и истиот особено во вечерните часови и тоа Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени во најтоплите предели од државава.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.

Инаку како што најавивме, и во следниот период времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО НИСКИ за овој период од годината и минималните понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека на планинските места истите ќе се спуштат и под -10 степени. Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени во најтоплите предели од државава.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има и услови и за повремено провејување на снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...