Во Триполи, трет ден се ослави 49 годишнината од револуцијата во градот Саби, по која Моамер ел Гадафи владееше со Либија од 1969 до 2011 година

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 12:52

Во Триполи вонредна состојба – Либијците го слават Гадафи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Илјадници Либијци ја прославија 49 годишнината од револуцијата во градот Саби, а насобраниот народ вееше знамиња со ликот на поранешниот лидер Моамер ел Гадафи, кој беше лидер на земјата од 1969 до 2011 година.

Празникот се слави како сеќавање на државниот удар и воспоставувањето на режимот на Гадафи на 1 септември 1969 година.

1 септември беше прогласен за празник за време на владеењето на Гадафи, но после неговата смрт Либијците се плашеле да го прославуваат денот на револуцијата, некои од револт кон Гадафи, а некои од страв дека ќе бидат сфатени како негови поддржувачи. 

Меѓутоа, граѓаните на Саби одлучиле за прв пат после промената на власта во Либија да го прослават 1 септември на улиците и на тој начин да го искажат своето незадоволство од владеачките структури во оваа африканска држава богата со нафта.

Либија од избувнувањето на конфликотот во 2011 година западна во тотален хаос, пренесува агенцијата и потсетува дека тогаш бил соборен и убиен нивниот лидер, Моамер Гадафи.

Од тогаш, со земјата управуваат две спротивставени влади, една со седиште во Триполи и една на истокот на Либија, а и двете влади имаат поддршка од бројни вооружани групи кои имаат власт на тој терен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.