четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



За престојниот голем христијански празник Велигден добиваме четири слободни денови со викендот

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 април, 2019 10:44

Вработените може да здивнат: Четири слободни денови за Велигден и еден за Први мај

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оваа година им се погоди на вработените. Годинава има многу споени викенди, но за жал неколку неработи денови ќе изгубиме поради тоа што се паѓаат во викенд.

За престојниот голем христијански празник Велигден добиваме четири слободни денови со викендот, вторникот е работен ден, и потоа во среда е Први Мај, неработен ден.

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2019 година, во согласност со Законот за празниците на Република Македонија.

Неработни денови во 2019 година се:

За сите граѓани на РМ

  •  29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (среда), Ден на трудот,
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители,
  •  4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

2 август (петок), Ден на Републиката,

  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
  •  11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  •  23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
  •  8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

  •  26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  •  22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  •  1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  •  22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  •  23 мај (четврток), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.