Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, истиот особено долж Повардарието повремено ќе засилува.

Објавил: Владо Марин | 22 јуни, 2020 8:39

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на денешниот ден времето во нашата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во текот на попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, истиот особено долж Повардарието повремено ќе засилува.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо оболачно со сончеви периоди, попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 27 степени.

Потоа и во следните неколку денови ќе се задржи доста нестабилното време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Не се исклучува можноста и за локална појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 23 до 31 степен.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...