И во Скопје и околината до четврток ќе има услови за локална нестабилност, особено од пладневните часови па натаму проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Објавил: Владо Марин | 17 август, 2020 7:18

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска, како и во следните неколку денови, односно до четврток во претпладневните часови времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, додека од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално не се исклучува можноста и за појава на НЕВРЕМЕ со град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33, 34 степени.

И во Скопје и околината до четврток ќе има услови за локална нестабилност, особено од пладневните часови па натаму проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната дневна температура овие денови ќе се искачува до околу 31, 32 степени. Постабилна атосфера се очекува од петок.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...