Демонстрантите бараат оставка на романската влада и распишување на нови предвремени избори

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 12:12

Втор ден протести во Романија втор ден без инциденти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Илјадници Романци втора ноќ по ред во Букурешт и други поголеми градови протестираа незадоволни од корупцијата во земјата а бараат и оставка на владата.

Демонстрациите поминаа без инциденти.

Според податоците на локалните медиуми повеќе од 25 илјади луѓе учествувале во протестот пред зградата на владата на градскиот плоштад “Викторија”.

Според Ројтерс демонстрантите биле околу 40 илјади што е значително помалку од 100-те илјади од претходната вечер.

Луѓето протестираа против политиката на левоцентристичката влада на Социјалдемократската партија и Алијансата на демократите и либералите барајќи негова оставка и предвремени избори.

Демонстрантите носеа романски знамиња и знамиња на Европската унија. Свиреа со вувузели и скандираа “Оставка!” – “СДП – црвена чума!” – “Романија разбуди се!” и “Ние нема да заминеме!”.

Протести освен во Букурешт има и во Клуж – Брашов – Темишвар и други.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.