Гордана вели дека во Србија се почесто се споменува името на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 март, 2019 22:26

Вучиќ вели протестите се „македонско сценарио“ а Заев тврди дека Србија е пријателска земја

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Уредничката на „Јужне Вести“, Гордана Бјелетиќ е и новинарка која ги следи протестите во Белград. Таа известувапе и за време на протестите во Скопје па сега вели дека состојбата во Србија на многу нешта потсетува на состојбата во Македонија од пред неколку години, пишува тв 21.

Гордана во интервју за ТВ 21 вели дека состојбата во Србија на многу нешта потсетува на состојбата во Македонија од пред неколку години.

Таа вели дека во Србија често пати се зборува за „македонско сценарио“, и всушност вели протестите во Србија и целокупната состојба е речиси слична. Гордана вели дека во Србија се почесто се споменува името на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев. Гордана додава дека во моментов во Србија нема слобода на изразување и нема слобода на медиумите, вели нема ниту прочистен список. Гласачите секојдневно се соочуваат со закани и заплашувања.

„Тие често пати зборуваат за „македонско сценарио“, го користат во повеќе различни ситуации. Некогаш го користат воглавно да покажат дека некој без поддршка на избирачите сака да ја освои власта со помош на некои странски сили. Секогаш кога сакаат да поддржат некоја теорија на завера го користат тој термин. Но, тоа „македонско сценарио“, единствен правилен начин тој термин да се користи е опозицијата, или било кој, кој се залага за демократија, пред било какви избори треба да инсистира да се воведат барем основните правила во демократските земји“, изјави Гордана Бјетич – уредник на „Јужне Вести“.

Гордана вели во Србија постојано името на Зоран Заев го поврзуваат со протестите.

За потсетување, пред неколку дена, демонстранти упаднаа во зградата на националната телевизија РТС, а министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и претседателот Александар Вучиќ изјавија дека токму ова е дело на Заев, а демонстрантите му се восхитувале на македонското сценарио и се обидувале да го спроведат.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.