Вучиќ присуствуваше на свечениот прием на бруцоши во Високата спортска школа и веднаш постави фотографии на социјалните мрежи на кои може да се види тој помеѓу своите колеги студенти.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 октомври, 2020 8:39

ВУЧИЌ ПОВТОРНО Е БРУЦОШ: Вчера го проследи првиот студентски час! (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил вчера објави дека официјално по втор пат стана бруцош.

Александар Вучиќ (5 март 1970 во Белград) — српски политичар кој од 31 мај 2017 е претседател на Република Србија. Вучиќ пред ова бил министер за информирање во владата на Мирко Марјановиќ во периодот 1998–2000 како член на Српската радикална партија. Во 2008 станал член на Српската напредна партија на Томислав Николиќ, а откако Николиќ во 2012 станал претседател на Србија, Вучиќ го преземал челното место во партијата. По парламентарните избори во 2012, Вучиќ станал министер за одбрана и вицепремиер во владата на Ивица Дачиќ (2012–2014). По победата на неговата партија на парламентарните избори во 2014, Вучиќ станал премиер на Србија. На таа позиција останал до 2017, кога победил на претседателските избори и во мај стапил на местото прв човек на државата.

 

Вчера тој присуствуваше на свечениот прием на бруцоши во Високата спортска школа и веднаш постави фотографии на социјалните мрежи на кои може да се види тој помеѓу своите колеги студенти.

„Среќен сум што по многу години почнувам да ги остварувам детските соништа“, напиша Вучиќ.

Вучиќ во јули годинава се пофали со фотографија од индекс и мал баскет, и по неа соопшти дека сака да биде тренер по кошарка.

„По втор пат во животот станав студент, овој пат на Вишата спортска школа за стручни студии, сакам да станам тренер за кошарка за деца. Некои од моите неостварени желби се да тренирам деца. Некој клуб, земунски Младост или некој од Ушќе. Некои пионери или кадети. Тоа е мојата најголема желба”, изјави Вучиќ за Курир,а запрашан дали има поголеми амбиции тој одговори: „Не, само мал клуб“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија


По овие најави веднаш почнаа градоначалници од редовите на Српската напредна партија да поднесуваат оставки. Тоа денес го направи и градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.

Тој најави дека формално се повлекува од таа функција, но дека посветено и посветено ќе го води Белград до денот на изборите и конечната проверка на довербата на граѓаните, соопшти градската управа.

„Штотуку поднесов формална оставка како градоначалник на град Белград, за да почнам да создавам законски услови за одржување на изборите, кои покрај парламентарните и покраинските избори би се одржале на 17 декември на белградско ниво“, изјави Шапиќ.

Овие најави доаѓаат по трагичните настани на северот на Косово, убиството на еден косовски полицаец и елиминацијата четворица луѓе од бунтовничката српска група. Јосип Јуратовиќ, шеф на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, во интервју за „Данас“ рече дека „прогласувањето ден на жалост за делата извршени од страна на паравоените структури од страна на Србите во Косово предизвика огромно згрозување не само во регионот, туку и во целиот свет. Дотолку повеќе што српските институции со прогласувањето на загинатите членови на паравоена организација ги поттикнуваат младите да направат сличен чин бидејќи тоа го гледаат како херојство. Овие убиени млади момци не се херои, туку жртви на неуспешните политики изградени врз лажни митови, кои триесет години ја прикажуваат Србија како недоверлив партнер“.

Тој оценува зошто дојде до оружената пресметка во селото Бањска.

„Очигледно е дека кој и да стои зад тој обид за неуспешен бунт на Србите во Косово, дека Вучиќ долгорочно ја создаде климата и беше само прашање кога ќе се случи нешто слично. Концентрацијата на моќ акумулирана од Александар Вучиќ дојде за наплата, бидејќи тој ја изгуби контролата врз целиот режим што самиот го создаде и стана жртва на сопствените амбиции“, вели Јосип Јуратовиќ.

Србија оди на избори на 17 декември

Шефот на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ, изјави...

Владата на Србија донесе одлука за ребаланс на буџетот за 2023 година. Со ова зголемување ќе се овозможи намалување на буџетскиот дефицит на 2,8 отсто, со цел зголемување на платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград.

Растат платите во Србија

Растат платите во Србија. Просечната плата во Србија во декември ќе изнесува 840 евра. Владата...

Администрацијата на манастирот тогаш донела одлука дека милоста веќе нема да се дава бидејќи манастирските резерви завршуваат. Лошата состојба во Русија можеби придонело за тоа, со помалку и помалку придонеси за самиот манастир.

ФОТОГРАФИЈАТА ОД СВЕТА ГОРА КРИЕ МИСТЕРИЈА: Ако ниту една жена не смее да се движи, тогаш која е таа – насликано ЧУДО во руски манастир

Фотографијата била направена на 3 септември 1903 година и била објавена од архивот на...