Според изјавите на претседателот на Србија, Вучиќ, посетата на Москва била плодна по сите отворени прашања, при што рускиот претседател се очекува и во посета на Белград наскоро

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 10:02

Вучиќ по средбата со Путин: Добивме се што сакавме, детали не можам да откријам

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека во разговорот со рускиот претседател Владимир Путин е добиено се што било побарано при што истакна дека се согласиле за сите теми на разговорот.

Добивме се што баравме. За се се сложивме. –  изјави Вучиќ за руската агенција ТАСС и истакна дека деталите од разговорот со рускиот претседател не може да ги открие.

Вучиќ на новинарите во Москва, по разговорот со рускиот претседател, им кажал дека е задоволен од исходот и дека на Путин му се заблагодарил на поддршката на територијалниот интегритет и суверенитетот на Србија.

Не очекувавме многу (од средбата), само едно нешто – продолжување на оваа работа (на поддршката на Србија). И многу сум задоволен од одговорот на претседателот Путин и јас му кажав “Ви благодарам многу, драг пријателе, ви благодарам многу, ценет претседателе, што заедно со нас го одржувате територијалниот интегритет на Србија, но и меѓународното право. Тоа е многу важно за Србија.” – кажа Вучиќ.

Руската агенција пишува дека Вучиќ високо ја оценил соработката на Москва и Белград во, како што се наведува, “меѓународната арена” и изнел очекувања дека двете земји ќе ја засилат соработката во економскиот сектор.

Решивме многу конкретни прашања денес и се радувам на скора средба (со Путин) во Белград. –  додаде Вучиќ.

Тој кажа дека очекува неговиот руски колега да ја посети Србија до крајот на годината.

Да, секако. –  одговори Вучиќ на прашањето на руската агенција дали Путин ја прифатил неговата покана, а на инсистирањето да каже кога таа посета ќе биде реализирана, претседателот на Србија кажа “Оваа година”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.