Вучиќ: ќе биде тешко да се дојде до било какво решение за Косово.

Објавил: admin@magazin | 1 септември, 2018 16:06

Вучиќ: Тешко до решение за Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека се појасно е да ќе биде тешко да се дојде до било какво решение за Косово.

Ние ќе продолжиме да нудиме мир и компромисно решение и да бараме она што е можно, реално, правично и рационално за српскиот народ и за српската држава, изјави Вучиќ на отварањето на Жежељовиот мост во Нови Сад, каде гостин беше и еврокомесарот Јоханес Хан.

Според неговите зборови, „тие во Србија кои бараат ‘ништо’ и се надеваат дека Србија добива ‘едно големо ништо’, треба да продолжат да се радуваат, бидејќи се е насочено кон успехот да Србија по прашањето на Косово не добие ништо“. Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи покренаа иницијатива за размена на територии меѓу Србија и Косово, како и взаемно признавање, а Европската унија упати поддршка на овој предлог. Но, Германија се изјасни против прекројувањето на балканските граници.

Кога ќе чуете за што се залагаат хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, претседавачот на Советот на министри Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и некои други, тогаш на сите Срби и граѓани на Србија им е јасно кој се бори за зачувување и остварување на нашите национални и државни интереси, додаде Вучиќ.

Тој рече дека очекувал да неговите политички опоненти во Србија ќе организираат славење поради изјавите на одделни официјални лица од Европа и на Албанците дека границите не се менуваат, но заборавија да кажат дека тоа се однесува на тоа дека не се менуваат границите на независно Косово.

Намерно работеа на целовитост на независно Косово, само што се правеа дека демек ги штитат нашите државни и национални интереси. Тоа ни претставува голем проблем, додаде Вучиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.