Македонскиот таеквондист доби 10.000 евра награда и олимписка стипендија од МОК по 1.000 долари месечно, а од град Скопје уште 5.000 евра награда за големиот успех што го постигна во Токио.

Објавил: Владо Марин | 31 јули, 2021 10:52

Георгиевски на прием кај Заев, доби уште 800.000 денари плус награда за среброто!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новиот македонски херој Дејан Георгиевски кој донесе сребро од Летните Олимписки Игри во Токио, доби уште 800.000 денари награда за големиот успех, после денешниот прием во Владата на Македонија од премиерот Зоран Заев.

Георгиевски освои сребро во таеквондо на ЛОИ во Токио и првично Владата одобри 1,8 милиони денари парична награда за „среброто“, но сега за уште нови 800.000 денари е дополнета истата и сега изнесува 2,6 милиони денари (над 40.000 евра).

Македонскиот таеквондист доби 10.000 евра награда и олимписка стипендија од МОК по 1.000 долари месечно, а од град Скопје уште 5.000 евра награда за големиот успех што го постигна во Токио.

„Дејан стана пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови кога талентот оди заедно со посветеноста за најдобри резултати и со упорноста да се постигнат. Следејќи го огромниот и историски олимписки успех, Владата на синоќешната седница ја дополни одлуката за паричната награда за Дејан за дополнителни 800.000 денари и таа сега изнесува 2,6 милиони денари“, истакна премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од МакСпорт

„Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското

„Срамна е одлуката за неодржување на Охридскиот маратон!“

Охридскиот пливачки маратон оваа година нема да се одржи. Причината е блокираната...

По тој повод Агенцијата организираше прес конференција на која освен директорот на Агенцијата Наумче Мојсовски говореа и претседателот на е-федерацијата Бобан Тотовски и советникот за млади во Владата на Република Македонија Ѓорѓи Тасев

Е-спортот стана официјален спорт во земјава

Уште една федерација стана дел од семејството на Агенцијата за млади и спорт. Современиот...

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски на прес-конференцијата нагласи дека измината година реализацијата на ваучерите, иако во време на КОВИД-19, е висока и изнесува 89%.

Секоја година расте интересот за ваучерскиот систем за поддршка на спортистите, во 2020 година 677 компании донирале 547,7 милиони денари

„Мерката ваучер систем овозможува 10 милиони евра годишно да се донираат кај спортските...

Македонецот кој вози ТЦР изведба на Хјундаи и30 повторно беше единствен странец во натпреварите од италијанското ТЦР првенство, а на крајот зад себе ги остави Џардели и Гвидети кои возат Хонда Сивик.

МАЕСТРАЛНО ВОЗЕЊЕ НА ИЏЕ: Стефановски победи на ТЦР трката на Валелунга

Игор Стефановски Иџе извозе фантастична трка на патеката Валелунга и стигна до својата...