По тој повод Агенцијата организираше прес конференција на која освен директорот на Агенцијата Наумче Мојсовски говореа и претседателот на е-федерацијата Бобан Тотовски и советникот за млади во Владата на Република Македонија Ѓорѓи Тасев

Објавил: Перо Милчин | 2 февруари, 2022 7:07

Е-спортот стана официјален спорт во земјава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Уште една федерација стана дел од семејството на Агенцијата за млади и спорт. Современиот начин на живеење и промените што ги носи новото време иницираше потреба од ставање во функција на уште една федерација, која во својот домен на работење опфаќа еден поинаков начин на спортување.

По тој повод Агенцијата организираше прес конференција на која освен директорот на Агенцијата Наумче Мојсовски говореа и претседателот на е-федерацијата Бобан Тотовски и советникот за млади во Владата на Република Македонија Ѓорѓи Тасев.

Навистина ми е голема чест и задоволство што денеска и официјално е-спорт федерацијата станува дел од македонскиот спорт и што сме согласни за сите услови и предизвици кои ги носат новите времиња. Сакам да истакнам дека сите спортови во нашата земја имаат и во иднина ќе имаат силна поддршка од Агенцијата за млади и спорт. Се обврзавме да бидеме тука за сите спортови така и ќе продолжиме, истакна Мојсовски.

Ви честитам на успесите кои до сега ги постигнавте, и ви посакувам поголеми успеси во иднина. Го препознавме вашиот талент и силна желба за големи успеси , ви посакувам како млади луѓе да продолжите со истиот ентузијазам и понатака, додаде Мојсовски.

Упорноста на директорот на АМС, како и советникот во Владата на Република Македонија Ѓорѓи Тасев и нивните иницијативи изминативе две години доведоа до реализирање и официјалното постоење на е-спорт федерацијата, истакна Тотовски.

Тој додаде дека учествата и резултатите од натпреварувањата во изминативе две години ги прави искусни уште на стартот на постоењето.

Советникот во Владата на Република Македонија Тасев истакна дека заеднички сведочиме за успехот кој со самото официјализирање на е-спорт федерацијата докажува дека кога се сака-се може, а остварувањата на членовите, е-спортисти на изминативе 13 светски натпреварувања се навистина за респект.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од МакСпорт

„Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското

„Срамна е одлуката за неодржување на Охридскиот маратон!“

Охридскиот пливачки маратон оваа година нема да се одржи. Причината е блокираната...

Македонскиот таеквондист доби 10.000 евра награда и олимписка стипендија од МОК по 1.000 долари месечно, а од град Скопје уште 5.000 евра награда за големиот успех што го постигна во Токио.

Георгиевски на прием кај Заев, доби уште 800.000 денари плус награда за среброто!

Новиот македонски херој Дејан Георгиевски кој донесе сребро од Летните Олимписки...

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски на прес-конференцијата нагласи дека измината година реализацијата на ваучерите, иако во време на КОВИД-19, е висока и изнесува 89%.

Секоја година расте интересот за ваучерскиот систем за поддршка на спортистите, во 2020 година 677 компании донирале 547,7 милиони денари

„Мерката ваучер систем овозможува 10 милиони евра годишно да се донираат кај спортските...

Македонецот кој вози ТЦР изведба на Хјундаи и30 повторно беше единствен странец во натпреварите од италијанското ТЦР првенство, а на крајот зад себе ги остави Џардели и Гвидети кои возат Хонда Сивик.

МАЕСТРАЛНО ВОЗЕЊЕ НА ИЏЕ: Стефановски победи на ТЦР трката на Валелунга

Игор Стефановски Иџе извозе фантастична трка на патеката Валелунга и стигна до својата...