Освен тоа МНР и укажало на амбасадорката Кноц да се држи во рамките на своите овластувања и надлежности и да не излегува од својот дипломатски мандат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 април, 2019 21:53

Германската Амбасадорка уште во 2009-та ја предвиде судбината на Македонија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

 Македонското министерство за надворешни работи уште пред 10 години ја повикало германската амбасадорка во Скопје, Урлике Кноц за да и врачи остар протест поради нејзината спорна изјава дадена на Педагошкиот факултет.

Освен тоа МНР во 2009та година и укажало на амбасадорката Кноц да се држи во рамките на своите овластувања и надлежности и да не излегува од својот дипломатски мандат.

Германската амбасадорка Урикле Кноц уште во 2009 година ја предвиде иднината на Македонија. Таа тогаш посочи дека Македонците ќе мора да учат и говорат албански јазик

Инаку спорната изјава од страна на амбасадорката беше дадена за време на одржувањето на симулациска игра „Создаваме нова Европа“ која се одржа на Педагошкиот факултет во Скопје, каде амбасадорката ја пренела својата визија за Македонија, уште пред цели десет години. Таа пред насобраните студенти од повеќе балкански земји кои учествуваа во симулациската игра изјави дека во 2020 година, Македонија ќе биде во ЕУ, но ќе има и ново име.

Таа за време на своето претставување ја пренесе визијата за Македонија. Уште тогаш Кноц предвиде дека во 2020 година Македонците ќе почнат со изучување на албанскиот јазик, а децата ќе го изучуваат уште во градинките.

„Во 2020 ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име- ’Северна Македонија’. Владата ќе биде составена од партија со име ’Нова мекедонска партија’, во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе го зборува македонскиот јазик, што е случај и денеска, а Македонците ќе го зборуваат албанскиот јазик што ќе го учат уште од детски градинки. Мислам дека ова е убава визија за земјата. Не е нереална, не е утопија. Може да се направи и пред 2020 ако се работи на политички план“, кажа амбасадорката Кноц.

По остриот протест германската амбасада излезе со соопштение преку кое ја дообјаснува изјавата на амбасадорката Кноц.

„Изјавите никако не ја опишуваат германската политика спрема Mакедонија“ стои во соопштението изспратено од германската амбасада.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести