Бранко Героски им одржа лекција на Зоран Заев и неговиот ПР советник Марјан Забрчанец

Објавил: Узунов Бобан | 26 јули, 2019 9:02

Героски до Заев и Забрчанец: Првиот чекор кон знаењето е човек да сфати дека ништо не знае. Доста се глупирате !

Фото/Текст извор: ©магазин

Новинарот Бранко Героски преку својот фб статус реагираше на “дефиницијата”  на Забрчанец што значи напад врз демократијата при објавувањето на лажните вести. Героски  им одржа лекција на Зоран Заев и неговиот ПР советник Марјан Забрчанец посочувајќи им дека нивниот акциски план за борба против лаќните вести е  класичен политички и правен волунтаризам. 

Ова веќе е сериозен теоретски придонес во развојот на политичкиот и правниот волунтаризам во Северна Македонија. 😀

И сега, претпоставувам, кога Акциската група ќе презема активности за “одбрана на демократијата”, како дефиниција на тоа што е “напад врз демократијата” ќе го користи овој ФБ статус на Забрчанец. Дечки, кој ве учи вака? Вака ли се градат демократски институции и практики?

Не другарчиња, ова е класичен политички и правен волунтаризам. Поткопување на темелите на демократијата. И сега ќе ви дадам една куса, бесплатна лекција – за повеќе да се пријавите во надлежниот факултет во Скопје! – за да сфатите колку сте несериозни и неуки. А првиот чекор кон знаењето е човек да сфати дека ништо не знае. Ова мора да сте го чуле, реферирам на мисла на познат грчки од нас неукраден филозоф…

Значи, вака стојат работите:

Според Европската конвенција за човекови права, слободата на јавно изразување може да се ограничи заради заштита на некои општествени вредности (државни интереси, државна тајна, јавниот морал и слично – сите прецизно се назначени), но посебно е нагласено дека ограничувањата на оваа слобода МОРА ДА СЕ ПРОПИШАТ СО ЗАКОНИ. Не е дозволено слободата на јавно изразување да се ограничува поинаку, со владини одлуки, волунтаристички и на друг начин што не е пропишан со закон.

Забрчанец веројатно не знае, но во нашиот правен поредок, со неколку закони веќе е ограничена слободата на јавно изразување – Кривичниот законик тоа го прави во неколку кривични дела (говор на омраза, на пример, е едно од нив), клеветењето и навредувањето е санкционирано со граѓански закон итн.

Никој нема право да ја ограничува слободата на изразување на поинаков начин освен со закон. Нашето општество е пермисивно, а тоа значи дека сė што не е забрането со закон, дозволено е.

Предупредувам дека секоја активност на Акциската група според разбирањето на Забрчанец, секое дејсвтвие кое нема да има подлога во законските ограничувања, може и ќе биде оспорено како противуставно, односно како кршење на членот 16 од Уставот кој забранува цензура.

Им препорачувам на Забрчанец и на неговиот шеф, премиерот Зоран Заев, да си ангажираат сериозен правен ескперт да им ја објасни праксата на Европскиот суд за човекови права, кој суди врз основа на конвенција чиј потписник е и Македонија.
Па потоа, ако инистираат на оваа глупава флоскула, некаде, во некој закон, да го опишат делото “напад врз демократијата” и да го санкционираат.

А министерката Рената Десковска ја замолувам уште утре изутрина на Забрчанец да му објасни што значи правниот принцип “nullum crimen sine lege”.

Доста глупирање!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести