Власта ја сече папопната врвца со бандата. Зошто Кики е отфикарен?

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 јули, 2019 11:21

Героски за вечерва највува НОВА ПРИКАЗНА ЗА РЕКЕТАРСКАТА БАНДА НА КОКИ И КОМПАНИЈА!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Новинарот Бранко Героски за вечерва во 18:00 часот на порталот Плус Инфо најавува нова приказна за рекетарската Банда на Коки и компанија.

Бранко Героски за вечерва најавува нови приказни за рекетарската банда на Коки и компанијата. Тој ќе се изјасни каква е улогата на Фрики, дали се води Европска истрага за случајот и уште многу нови работи кои не се познати во јавноста.

Имено, минатата недела Бојан Јовановски, во интервју за 1ТВ, истакна дека тој е Коки, за кој изминатиот период пишува новинарот Бранко Героски, но истакна дека приказните се измислени. Тој рече дека е свесен дека Македонија е општество кое живее за афери, крв и месо. Боки 13 најави дека кој и да ги измислува приказните гарантирам дека ќе завршат неславно.

Фејсбук статусот од новинарот Бранко Героски:

ВЕЧЕРВА ВО 18.00 НА ПЛУСИНФО – НОВА ПРИКАЗНА ЗА РЕКЕТАРСКАТА БАНДА НА КОКИ И КОМПАНИЈА
Власта ја сече папопната врвца со бандата. Зошто Кики е отфикарен? Каква е улогата на Фрики? Се води ли европска истрага за случајот? Како Коки се обидел да изнуди големи пари од мобилен оператор, но не успеал? Зошто во игра пак е инфлуенсерката Лики? Кому купил Коки половно БМВ за да го фали?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.