Но сепак, најмногу загрижуваат податоците за смртноста од опаката болест. Смртноста во Македонија, освен што е највисока во регонот и во нашето соседство, е и четири пати повисока од таа во Бугарија, три пати повисока од таа во Албанија, скоро три пати повисока од таа во Грција и безмалку два пати повисока од таа во Србија!

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 април, 2020 9:55

Героски: Македонците најмногу умираат од ковид-19! Ќе преземе некој нешто, или добро е вака?

Фото/Текст извор: ©плусинфо

Со вкупно 71 починат од болеста ковид-19, односно со 34 починати на 1 милион жители, Македонија е апсолутен неславен шампион во регионот Западен Балкан и во споредба со сите соседни земји. Македонија е вицешампион (зад Србија) и во поглед на бројот на вкупно заразени на популација од 1 милион жители – 682,.

Еве, ова се последните податоци на worldmeters.info:

Патем речено, една мала, но важна дигресија – ние веќе заборавивме кога последен пат е направен попис во нашата земја, а worldmeters.info очигледно оди со проценката дека во нашата земја живеат повеќе од 2 милиони жители. И на врапците им е јасно дека тоа не е точно, што ќе рече дека бројот на починати и на заразени на 1 милиони жители сигурно е уште повисок.

Точно е дека бројот на заразени е во корелација со бројот на тестирања. Но, треба да се знае дека според последните податоци од 28 април, Македонија, со 7.570 тестирања на 1 милион жители, во оваа група земји сега е подобра само од Албанија и од Бугарија – Србија бележи 8.396, Босна и Херцеговина 8.413, а Хрватска 8.179 тестирања на 1 милион жители. Ако ги ставиме во корелација бројот на тестирања и бројот на позитивни, само Србија открила повеќе заразени со коронавирусот од Македонија, пишува Героски за Плусинфо.

Но сепак, најмногу загрижуваат податоците за смртноста од опаката болест. Смртноста во Македонија, освен што е највисока во регонот и во нашето соседство, е и четири пати повисока од таа во Бугарија, три пати повисока од таа во Албанија, скоро три пати повисока од таа во Грција и безмалку два пати повисока од таа во Србија!

Неверојатно! Како да се објасни ова?

Најраспространетото мислење за ризикот од смртен исход од ковид-19 е поврзано со возраста на пациентите. Познато е дека ризична возрасна група во сите земји се постарите луѓе. Но, трагично е тоа што во Македонија умираат и помлади лица. Тоа, пак, официјално најчесто се објаснува со постоење на т.н. коморбидитети, придружни болести и состојби што го зголемуваат ризикот на смртност од основната болест, во случајов ковид-19. Но, нема ли коморбидитети и во другите земји во регионот, па и насекаде во светот?

Искрено, не верувам дека населението во Македонија е медицински позапуштено или помалку имуно од тоа во соседните земји, на пример.  Можам да се согласам и со тврдењето дека медицината во нашите соседни земји Грција, Бугарија и Србија е понапредна од нашата. Од друга страна, ако баш сакате, можеме и да спориме со тоа. Но, зарем и медицината во Албанија, каде што има само 10 починати на 1 милион жители, е понапредна од нашата?! Па ве молам…

Мислам дека здравствените власти во нашата земја и посебно министерот Венко Филипче ни должат едно детално, издржано и уверливо објаснување зошто токму ние Македонците сме регионални рекордери по смртноста од ковид-19. Честитам за досегашната транспарентност за сите други пандемски теми, но се бунтувам поради нагласеноста неотчетност за ова прашање.

Читав деновиве многу за искуствата на европски земји кои имаат ниска стапка на смртност од ковид-19. Словачка, на пример, е европски ас, со само 4 починати на 1 милион жители. Тамошните лекари успехот го објаснуваат со четири фактори: преземените строги мерки на социјално дистанцирање на самиот почеток на епидемијата, дисциплинирани граѓани кои носат заштитни маски, успешно запирање на продорот на вирусот во ранливата популација на Ромите и неатрактивноста на земјата како туристичка дестинација.

Има еден интересен детаљ во споредбата меѓу Македонија и Бугарија, на пример. Бугарија има 1.107 активни случаи, од кои на болнички третман се 301 (27,19 отсто). Македонија има 761 активен случај, од кои во болниците се 134 (17,61 отсто). Тоа е значително помалку. Дали тоа би можело да ја објасни многу помалата смртност од ковид-19 во Бугарија?

Читав и за Турција, во која има 34 починати на 1 милион жители, идентично како и Македонија. За една голема земја, со драстични социјални разлики и со многу ризични зони, тоа е успех. Турција има сосема поинаква стратегија од македонската. Според „Хуриет“, суштината на турскиот модел е што во таа земја, за разлика од многу други земји, лекарите не ги советуваат пациентите со висока температура и сува кашлица да останат дома и да голтаат антиперетици, туку ги повикуваат во болниците и веднаш почнуваат со терапија со хлороквин, дури и додека се чекаат резултатите од тестовите. Азитромицинот („сумамед“) исто така се дава во раната фаза на лекување. Исто така, во раната фаза се дава и лекот фавипиравир („авиган“), како и оксигенска терапија за пациентите со тешкотии во дишењето.

Македонските здравствени власти, во чие име настапува министерот Венко Филипче, се прилично скржави на зборови кога ги прашуваат за терапиите. Она што официјално го знаевме до денешната прес-конференција е дека пациентите со лесна и со средно тешка клиничка слика се лекуваат дома (според германскиот модел, вели Филипче), а ако симптомите се влошат, тогаш се примаат во болница. Но, има многу сведоштва за пациенти кои во болнички кревет легнуваат предоцна, практично во фаза кога не може да им се помогне. Не сум лекар, како и повеќето од читателите, но да сум јас министер, при толку висока смртност, би ја преиспитал таа стратегија.

Да не бидам погрешно разбран. Воопшто не заговарам полнење на болниците, во услови кога капацитетите се ограничени, а дел од нив веќе се искомпромитирани со инфекции од ковид-19. Но, можеби има и други, „компромисни“ решенија. Во Сингапур, на пример, земја со 5,5 милиони жители и само 2 мртви на 1 милион жители, се применува еден интересен модел – полесните случаи се згрижуваат во еден вид „предболнички“ капацитети (каде што сепак се под лекарски надзор и под терапија), а потешките се праќаат во класичните болници. Слични модели има и во други земји во светот. Не велам дека тоа е модел што мора да се примени и кај нас, но факт е дека повеќето од медицинските експерти во светот заговараат медицински третман во раната фаза на болеста – сигурни ли сте дека таа работа успешно се врши со телефонска комуникација меѓу пациентот и матичниот лекар?

Конечно, доаѓаме и до прашањето на терапијата. Неофицијално, најголем дел од пациентите кај нас се лекуваат со антивирусниот лек „тамифлу“ и со комбинација на антибиотици. Голем дел од пациентите, за среќа, успешно се лекуваат и така. Но, големата смртност покажува дека не е мал бројот на оние што немаат среќа да куртулат со „тамифлу“ или само со „парацетамол“. Потешките пациенти добиваат респираторна поддршка, а веројатно сме европски, а можеби и светски неславни рекордери и по фактот што немаме излечени пациенти интубрани на механичка вентилација (што е страшно).

Министерот Филипче засега дава само скудни информации за ефектите од лекувањето со лекот хлороквин-хидроксихлороквин, во рамките на студијата на СЗО наречена „Солидарити“. До сега беше кажано дека таа терапија „дава резултати“, а на моето денешно директно прашање колку пациенти починале како последица на употребата на тој лек, Филипче не даде конкретен одговор.

Но, затоа добив одговор дека лекот „авиган“, што беше побаран како донација од Јапонија, уште не е стасан (нема ни одговор до каде е работата), а го немаме ни лекот „ремдесивир“, кој е дел од спомнатата студија „Солидарити“, во која Македонија и официјално учествува. Збунет сум и вџашен од овие информации, зашто сум убеден дека овие два лека можат да се набават – и да се купат, ако треба! – многу побрзо. Не само што сум убеден, туку можам тоа и да го докажам.

Знам дека пак ќе се јават тие што постојано ме критикуваат дека се „мешам“ во „туѓи надлежности“ и дека прашањата за стратегијата на лекувањето и за изборот на терапијата треба да им ги препуштам на инфектолозите. На оваа забелешка пак ќе одговорам директно и дрско – никој не им го зел на здравствените власти правото да одлучуваат како ќе се лекуваат пациентите, но бројките покажуваат дека резултатите од досегашниот модел и од протоколите сепак не се добри.

Никој, па ни Свети Филипче, не може да го скрие фактот дека имаме катастрофално висока бројка на починати. Времето минува, луѓето си умираат. Ќе преземе некој нешто или добро е вака?

Бранко Героски…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...