Вчера ја одржавме првата седница и денеска го разгледавме предлог Акциониот план, рече Стојанче Ангелов ,раководител Главниот Штаб за управување со кризната состојба.

Објавил: Владо Марин | 21 ноември, 2020 20:30

Главниот кризен штаб го изготви акцискиот план

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вчера ја одржавме првата седница и денеска го разгледавме предлог Акциониот план, рече Стојанче Ангелов, раководител Главниот штаб за управување со кризната состојба.

Ќе побараме од Советот на невладини организации да се приклучи и нивен член, рече Ангелов.

Била разгледана потребата од учество на Армијата , за што дополнително ќе бидат утврдени здравствените објекти , што ќе треба да бидат обезбедувани од војниците.

– Ние ќе работиме можеби споредна улога во ситуацијава, која ќе биде многу значајна за јавноста и на јакнење на јавната свест за да граѓаните сфатат дека се работи за една опасна болест со тоа што ќе бидат вклучени и претставници од невладиниот сектор, кои ќе бидат определени од советот на Владата за соработка со невладини организации, изјави за Сител Ангелов.

Ангелов додава дека армијата ќе и асистира на МВР, но и ќе им помага и на здравствените установи онаму каде што е најпотребна. Во овој случај кога е прогласена кризна состојба армијата има право да презема одредени дејствија во делот на обезбедувањето.

– Акцискиот план треба да се разгледа од страна на управувачкиот комитет пред да стапи на сила, вели Ангелов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.