Проблем е забележан во Прилеп

Објавил: admin@magazin | 21 април, 2019 17:30

Гласал со сопругата бидејќи го немало на список

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, гласањето се одвива во најдобар ред, без посериозни неправилности.

Негласањето во Рамни Габер беше меѓу првите неправилности кои Државната изборна комисија ги забележа на изборниот ден.

Проблем е забележан во Прилеп.

На ГМ 1385/1 во Прилеп, откако еден гласач гласал било увидено дека не бил запишан во Избирачкиот список, но тој гласал заедно со неговата сопруга која била запишана во Избирачкиот список и која се потпишала во истиот.

Исто така, жителите на скопското село Рамни Габер не дозволиле да се спроведе гласањето за претседател на државата и ја заклучиле вратата на избирачкото место со катанец лути на градоначалникот дека досега не дошол да види како тие живеат.

Во селото Габер живеат 60 луѓе. Тие како што изјавија самите се решиле на тој чекор, за да им покажат на политичарите колку тие се разочарани од нив.

Од градоначалникот не бараат многу. Сакаат само да се уверат дека не се заборавени од оние за кои го дале гласот.

Жителите се пожалија дека особено во зима едвај се движат кога ќе падне многу снег.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.