Бугарите имаат сиромашна и скоро никаква Историја и затоа по секоја цена сакаат да ја присвојат нсшата Македонска Историја, а притоа Европа е соулесник во тоа.

Објавил: Македонка Димкин | 6 август, 2023 9:35

Глумецот Османи во обид да ги излаже Македонците на една школска Табла

Фото/Текст извор: ©Магазин

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи сними видео во кое даде кратко објаснување на суштината на преговарачката рамка со ЕУ, што според него е одговор на бројните шпекулации поврзани со нејзината содржина.

Османи снимил видео во кое со креда како наставник на училиште црташе на таблата како изгледа преговарачката рамка. Ова видео е слично со видеото на српскиот претседател Александар Вучиќ кој во септември 2022 година објаснуваше како ја спасил Србија од банкрот и зошто купениот гас го складираат во Унгарија.

Прво, преговарачката рамка е поделена во два дела – општ и специјален дел. Во општиот дел се т.н. општи одредби од преговарачката рамка за коишто ниту се прави писмен извештај од Европската Комисија, ниту е потребно гласање од страна на Европскиот совет, т.е., од стана на земјите-членки на Унијата.

Во специјалниот дел се наоѓаат 35-те поглавја, за кои постојат одредници кои мора да се исполнат и за кои Европската Комисија подготвува извештај, а земјите- членки со гласање го одобруваат. Овие одредници се содржани во трите патокази што ќе ги подготвиме после скринингот, а ќе ги усвои Европската Унија. Toa се: патоказ за владеење на право, патоказ за јавна администрација и патоказ за демократски институции.

Во еден од овие патокази, патоказот за владеење на право, се наоѓа акциски план за малцинства, за сите малцинства, етнички или неетнички.
Она што е поважно е што во ниту едно од овие одредници, патокази или скалила во специјалниот дел од преговарачката рамка нема никаква референца или поврзаност со Договорот за пријателство со Бугарија, никакви референци по прашањето на работата на Историската комисија, ниту пак прегледите од член 12 од истиот Договор.

Напротив – и Договорот за пријателство и прегледите од член 12 од Договорот, како и Договорот со Грција се нотирани во општиот дел од рамката, делот за кој ниту се изготвува извештај од страна на Европската Комисија, ниту претставува предмет на гласање, или одобрување од страна на Советот на ЕУ, односно земјите-членки на Унијата. Тоа не значи дека ние нема да работиме на нивната имплементацијата, ние секако ја имаме преземено таа обврска, но и тоа ќе го правиме во добра волја, но тие не се одредници за кои ќе се изготвува Извештај или ќе се гласа и оттука не можат да бидат основа за нова пречка на патот“, објасни Бујар Османи.

Магазин: Османи се обиде со еден ефтим трик да го изманипулира Македонскиот народ.

Османи вели договорот за добрососедство бил во преговарачката рамка ама тоа било добра воља на нас дали ќе сме го исполниле.

Каков Апсурд? Се представува за Доктор по медицина каде по  етика не смее да лаже а згора на тоа да манипулура а тој пред очите на Јавноста и лаже и манипулира.

Вистината е таа дека Бугарија нема да дозволи да се преговара се додека не се исполнат условите од договорот за негирање ма Змакедондкиот идентитет. 

Бугарите имаат сиромашна и скоро никаква Историја и затоа по секоја цена сакаат да ја присвојат нсшата Македонска Историја, а притоа Европа е соулесник во тоа.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.