Како што објави порталот САКАМДАКАЖАМ.МК. уапсени се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во куќен притвор, државен правобранител за Град Скопје, околу 5 вработени во Министерството за транспорт и врски, нотари, вработени во Катастар и еден бизнисмен, кој требало да ги работи Шпанските скали.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јуни, 2019 10:09

Голема полициска акција во Скопје: Уапсен Миле Јанакиески и поранешни функционери

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голема полициска акција е спроведена утринава во Скопје во која се апсат поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес. 

Како што објави порталот САКАМДАКАЖАМ.МК. уапсени се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во куќен притвор, државен правобранител за Град Скопје, околу 5 вработени во Министерството за транспорт и врски, нотари, вработени во Катастар и еден бизнисмен, кој требало да ги работи Шпанските скали.

– „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес“, велат од обвинителството за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.

Се очекува уапсените во текот на денот да бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Повеќе детали од акцијата МВР најавува во текот на денот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.