Нема детали ниту околу тоа за каква акција станува збор.

Објавил: Весна Петровска | 10 мај, 2019 0:02

Голема полициска акција на Битпазар!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

На терен се припадници на единицата за специјални задачи на МВР, а детали околу тоа дали и кои објекти се претресуваат или се работи за претрес на приватен имот, од МВР не откриваат.

Најверојатно полициската акција ќе трае во текот на ноќта, а од МВР повеќе детали околу тоа за што се прават претреси и дали има уапсени лица најавија за утре.

Како што неофицијално дознаваме се вршат претреси на неколку локации во Арачиново и Сингелиќ, поради сознанија за трговија со дрога.

Од друга страна пак повеќе од алармантна е ситуацијата со полициските службеници и како што тгнало упте малце ќе нема кој да ги апси криминалците. Според непотврдени информации имено стотици полициcки cлyжбеници бараат нeплaтeн одмор за да зaминaт од државата или доколку не добијат нeплaтeн одмор се спремни да дадат отказ. Според истите информации се работи за повеќе од 1000 вработени во МВР кои би се одлучиле на ваков чекор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.