сабота, 4 мај 2024

MK/ EN/ DE



Како што објави грчкиот весник „Екатимерини“ во гаснењето на пожарот од 3 часот утринава се активирани 80 пожарникари со 39 возила, четири авиони и два хеликоптери.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 август, 2019 11:31

Голем пожар го зафати грчкиот остров Евиа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Голем пожар го зафати во шумскиот дел на грчкиот остров Евиа. Локалното население од околните три села е на готовс а евакуиран е манастир. Жителите се подготвуваат за евакуација.

Како што објави грчкиот весник „Екатимерини“ во гаснењето на пожарот од 3 часот утринава се активирани 80 пожарникари со 39 возила, четири авиони и два хеликоптери.

Весникот објавува дека манастирот е евакуиран поради претпазливост.

Силниот ветер и непристапниот терен го отежнуваат напорот на пожарникарите да ја стават под контрола огнената стихија.

Густиот чад, како што се наведува, стигнат до Атина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.