Заедно со автобусите и возилата

Објавил: Калина Мартинска | 8 април, 2024 17:03

Градилиштата ги узурпираат и тротоарите – граѓаните пешачат по булевари

Фото/Текст извор: ©slobodenpecat.mk

Целиот град е претворен во големо градилиште, се гради буквално во сите општини..

Во хаотичното живеење во Скопје, каде што автобусите на ЈСП и на приватните превозници, такви какви што се, се единствениот јавен превоз, каде нечистотијата по улиците стана препознатливо градско обележје, а улиците останаа претесни да го примат сѐ поголемиот наплив на возила, она што сериозно ги загрижува граѓаните е и незапирливата изградба на станбени и деловни објекти.

Целиот град е претворен во големо градилиште, се гради буквално во сите општини, во секој нов ДУП се предвидуваат нови градби. Откако советниците во општините ќе ги усвојат плановите, на граѓаните веќе не им помагаат никакви реакции и протести за да спречат каква било изградба. Па, така, во општина Ѓорче Петров, на пример, на просторот спроти пазарчето треба да никнат дваететина згради со височина од 7 до 20 ката.

Залудни се покажаа и обидите на граѓаните и граѓанските организации да ја запрат и изградбата на 17-катницата кај поликлиниката „Букурешт“ во Карпош, која продолжува да се гради и покрај тоа што инвеститорот во моментов има градежна дозвола, но не поседува позитивно конзерваторско мислење, кое е неопходно за изградба во заштитен простор. Сепак, од Општина Карпош засега немаат намера да го поништат одобрението за градба.

Од причини што решавањето односно правосилното завршување на целата постапка е предуслов за да се одлучи за самата работа, а тоа претставува независно правно прашање за чие решавање е надлежен суд или некој друг јавен орган, Општина Карпош – Сектор за урбанизам не може да постапува односно нема да презема никакви управни дејствија – велат од Карпош.

Лимените тараби што ги оградуваат градилиштата одземаат тротоари, велосипедски патеки, а општинските инспектори сето тоа го толерираат, иако е надвор од парцелата за градба. Велат дека е само привремено решение, а штом заврши градбата, дека сѐ ќе се врати во претходната состојба.

Но изградбата трае и неколку години, како што е на пример случај со градилиштето на булевар Партизански одреди спроти Порта Буњаковец. Таму сосема е одземен тротоарот, а пешаците и велосипедистите се движат по велосипедската патека, протнувајќи се покрај кабастите контејнери, кои исто така се лоцирани на оваа патека. Денеска пак, не беше овозможено ниту движењето на тој простор, затоа што на едната лента беше поставена механизација, која граѓаните мораа да ја заобиколуваат движејќи се на средната лента по Партизанска заедно со автобусите и автомобилите.

Срамно е ова што се случува, ќе испогинеме тука затоа што нема каде да се помине. И никој не реагира. Изведувачите си прават што сакаат, а ако се пожалиме во инспекција, велат дека мора така поради изведување на градежните работи и дека брзо ќе се тргнат. Истото се случува и на улицата зад „Холидеј ин“, а поминете да видите зад Универзална сала како е. На улицата „9 Мај“ има неколку градилишта и како им текне ја затвараат улицата со механизација. Значи, во овој град никој не се грижи за граѓаните – реагира Ема Стојанова, која ја затекнавме токму на оваа локација.

Безбедноста на граѓаните честопати е загрозена поради градежните зафати на изведувачите на објектите. Притоа, никој не се грижи во такви случаи, кога механизацијата е неопходно да биде поставена надвор од градилиштата, да биде овозможен безбеден премин на пешаците, дали со помош на сообраќајна полиција или со редари од градилиштата.

За жал, апелите на граѓаните што бараат поголема безбедност на градските улици честопати не стигнуваат до „ушите“ на локалните власти. Инвеститорите и изведувачите со разни времени одобренија си ги изведуваат потребните активности, додека граѓаните се нервираат. Ним нема кој да им издаде „одобрение“ за безбедно и непречено движење по скопските улици.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.