Полицијата денес објави дека повеќе од 3.600 лица биле казнети првиот ден за кршење на полицискиот час, кој трае од 21:00 до 4:30 часот наутро, а 25 лица се уапсени за насилство за време на забраната за движење, објави АП.

Објавил: Владо Марин | 24 јануари, 2021 14:41

ХАОС ВО ХОЛАНДИЈА: Протести на првата ноќ на полицискиот час, демонстрантите го запалија објектот за тестирање на вирусот корона(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За време на младинскиот протест на првата ноќ на полицискиот час, демонстрантите запалија објект за тестирање на коронавирус во холандското рибарско село Урк и фрлија петарди.

Полицијата денес објави дека повеќе од 3.600 лица биле казнети првиот ден за кршење на полицискиот час, кој трае од 21:00 до 4:30 часот наутро, а 25 лица се уапсени за насилство за време на забраната за движење, објави АП.

Видеото покажува како млади луѓе влегуваат во лабораторија за тестирање коронавирус во селото Урк, 80 километри северо-источно од Амстердам!

Полицијата и општината издадоа соопштение во кое изразуваат гнев поради немирите, односно „фрлање петарди, камења до уништување полициски автомобили и фрлање факели кон лабораторијата“.

„Ова е апсолутно неприфатливо, ова е шлаканица за локалните здравствени власти кои прават се што можат во лабораторијата во Урк“, рекоа локалните власти, додавајќи дека полицискиот час ќе трае до крајот на неделава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...