Неговите адвокати водат постапка пред локалниот суд за поништување на оваа одлука

Објавил: Македонка Димкин | 7 јануари, 2022 11:37

Шефицата на австралиската полиција тврди дека Ѓоковиќ не е заложник- може да си оди кога сака

Фото/Текст извор: ©еј би си

Mинистерката за внатрешни работи на Австралија, Карен Ендрјус, вели дека Новак Ѓоковиќ може да ја напушти Австралија кога ќе посака.

Таа ги отфрли обвинувањата на родителите на тенисерот дека австралиската влада го држи во заробеништво.

„Ѓоковиќ не е заробеник во Австралија. Тој може да ја напушти земјата во секој момент кога ќе посака, а нашите гранични служби ќе му помогнат во тоа“, изјави Ендрјус во разговор за Еј-би-си.

На деветкратниот победник на Австралија Опен му беше поништена австралиската виза бидејќи не приложил доказ дека е вакциниран со две дози против ковид-19, ниту имал веродостоен документ со кој би потврдил дека од медицински причини не може да биде вакциниран.

Неговите адвокати водат постапка пред локалниот суд за поништување на оваа одлука, но доколку таа биде потврдена, Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија.

Инаку за време кога во Австралија беснееја огнени стихии токму Ѓоковиќ беше еден од првите кои донираа !

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...