Турските власти во претходните години неколку пати забрануваа Паради на гордоста.

Објавил: Владо Марин | 26 јуни, 2021 20:04

Турската полиција со солзавец ја растури парадата на гордоста во Истанбул(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©сител/магазин.мк

Турската полиција испука солзавец за да ги растера луѓето собрани на денешната Парада на гордоста во центарот на Истанбул, а околу 20 лица, вклучително и фоторепортери, се приведени, јавија локалните медиуми.

„Ројтерс“ извести дека постојат снимки на кои се гледа како полицијата под целосна воена опрема турка и влече луѓе, од кои некои вееле знамиња во боја на виножитото, додека се собирале за настанот на споредна улица што се вкрстува со Централната авенија Истикал.

Турските власти во претходните години неколку пати забрануваа Паради на гордоста.

Турција е кандидат за влез во Европската унија веќе подолго време, но процесот на пристапување забавува со години поради напнатоста по низа прашања, вклучително и човековите права!

Во заедничко писмо во четвртокот, повеќето лидери на ЕУ ветија дека ќе продолжат да се борат против дискриминацијата кон ЛГБТ заедницата, во екот на жестоката јавна дебата во Унгарија, чиј парламент минатата недела забрани по училиштата да дистрибуира материјал и содржини кои промовираат хомосексуалност или промена на полот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...