Од друга страна, министерот Филипче тврди дека термините на граѓаните можат да се поправат од матичниот лекар. Но не објасни зошто им стигнуваат погрешни пораки на лицата кои воопшто не се пријавиле за вакцинација.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 мај, 2021 5:06

Хаос во пунктовите за вакцинација, граѓаните добиваат погрешни смс пораки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Погрешни пораки адресирани од Мој термин и Вакцинација.мк добиваат десетици граѓани кои се повикуваат да се вакцинираат. Граѓаните збунети, не знаат каде да пријават бидејќи им стигнале погрешни пораки. За да не им пропадне терминот за вакцинација, повеќето граѓани ваквите смс пораки ги објавуваат на Фејсбук со надеж дека лицето за кого е терминот ќе се вакцинира, пренесе 21 тв.

Од друга страна, министерот Филипче тврди дека термините на граѓаните можат да се поправат од матичниот лекар. Но не објасни зошто им стигнуваат погрешни пораки на лицата кои воопшто не се пријавиле за вакцинација.

„Не. Toa зависи од начинот на аплицирање и местото каде што се пријавиле. Во принцип ако е во возрасната група тоа може да се корегира и да се вакцинираат“, посочи министерот за здравство, Венко Филипче.

Инаку, се уште продолжува хаосот во системот за пријавување и прераспределување за вакцинација. Голем број на граѓани веќе неколку дена по ред реагираат велејќи дека иако аплицирале за вакцинација во градот каде што живеат, сепак терминот им е закажен во друг град.

Од Министерство за здравство велат дека граѓаните слободно можат да се вакцинираат во градот на живеење.

Воедно, Министерот за здравство Венко Филипче, со неговата последна објава на социјалните мрежи тврди дека сите граѓани од Скопје кои имаат над 40 години добиле термин за вакцинација, а од понеделник термин ќе добијат граѓаните на останатите градови кои имаат над 40 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...