Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување, соопштија од Градот Скопје.

Објавил: admin@magazin | 26 ноември, 2021 7:08

Градот Скопје ќе додели парична помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа

Фото/Текст извор: ©магазин

Градот Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на починатите од Скопје во автобуската несреќа што пред два дена се случи во соседна Бугарија.

На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување на парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите.

Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување, соопштија од Градот Скопје.

Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров во вечерашното интервју на ТВ 24 изјави дека ниту еден од четирите автобуси на Беса транс кои вечерта на 18ти ја напуштиле Македонија не бил електронски евидентиран.

Цариниците кои биле на смена рекле дека не ги евидентирале автобусите бидејќи имало многу гужва, а системот работел бавно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.