Инстаграм во 2018 година користеле 8 градоначалници повеќе споредено со 2017 година, а двајца повеќе биле активни на Твитер.

Објавил: admin@magazin | 4 јануари, 2019 13:14

Градочалниците во Македонија најактивни на “ФЕЈСБУК”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Дури 79 од вкупно 81 градоначалник во Македонија го користат Фејсбук во својата работа. Инстаграм користат вкупно 29 градоначалници, а Твитер користат само 7 градоначалници.

Анализата направена во периодот помеѓу 15 и 30 декември 2018 година, спроведена од страна на Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавноста и нови медиуми.
Според анализата, споредено со 2017 година, еден градоначалник помалку бил активен на Фејсбук, додека, пак, има зголемување на бројот на градоначалници кои ги користат другите две социјални мрежи. Инстаграм во 2018 година користеле 8 градоначалници повеќе споредено со 2017 година, а двајца повеќе биле активни на Твитер, компарирано за истиот период.

Само пет градоначалници истовремено користат Фејсбук, Твитер и Инстаграм во својата работа, а двајца градоначалници воопшто не ги користат социјалните медиуми, покажа Анализата.Сепак, градоначалниците се нешто поактивни на Фејсбук споредено со пратениците и министрите.

„Се добива впечаток дека недоволно ресурси се насочуваат во делот на двонасочната комуникација со граѓаните, како и процесот на транспарентност и отчетност. Иако бројките се високи, квалитетот на комуникацијата на социјалните медиуми е генерално на многу ниско ниво. Граѓаните и медиумите бараат и имаат право да бараат одговори, а властите се тие кои имаат обврска да ги дадат одговорите на сите поставени прашања. Нема оправдување за ниту еден градоначалник или носител на било која јавна функција за ваквиот однос, особено ако се потсетиме дека секој функционер се финансира со парите на граѓаните и компаниите“ – вели Бојан Кордалов.

Анализата лани покажала дека 112 од вкупно 120 пратеници користат Фејсбук, а слично истражување покажало дека 23 од вкупно 26 министри се редовно активни на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...