Граѓаните на Стокхолм, не се помрднуваа од местото околу џамијата се додека молитвата не беше завршена.

Објавил: admin@magazin | 23 март, 2019 11:01

Граѓаните на Стокхолм, со штит околу џамијата ги чуваа муслиманите од терористички напад додека траеше молитвата

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Граѓаните на овој главен град во Шведска, Стокхолм, стоеја како штитник околу една џамија за да им овозможат на муслиманите да имаат молитва или џума на мирен начин, но и сигурна молитва која би ги заштитила од терористички напад. Тие останале се до крајот на оваа молитва.

Насекаде по светот и понатаму траат страшни реакции од терористичкиот напад на две џамии, кој се случи во Нов Зеланд, на кои беа убиени најмалку 50 муслимани.

Од страв да не бидат нападнати, вчера утрината пред џамијата во Стокхолм, се собраа многу бројни граѓани и формираа обрач околу џамијата за да им овозможат на муслиманите на мирен и сигурен начин да ја овозможат својата џума или молитва.

Меѓу граѓаните на вчерашниот собир на муслимани, присуствуваше и Министерката за Култура на оваа земја Аманда Линд.

Многу сум среќна поради овој настан и тоа што присуствуваа толку голем број на луѓе, изјави министерката Линд.

Таа исто така изјави дека на денешниот настан сите ќе го искажат својот став против терористичките напади, кој се случија во Нов Зеланд, но исто така и против секаков вид на насилство, расизам и исламофобија, пренесува Шведски Афтонбладет..

Ние се спротивставуваме на секаков напад на нашето друштво, изјави Линд.

Граѓаните на Стокхолм, не се помрднуваа од местото околу џамијата се додека молитвата не беше завршена. Претставниците на исламската заедница после завршувањето на молитвата, граѓаните ги послужија со кафе и колачи и се заблагодарија на поддршката.

Претходната недела беа убиени 49 лица, а уште 20 беа повредени кога 28 годишен австралиец со огнено оружје и импровизирани експлозивни направи нападна две џамии во Красјчрч на Нов Зеланд.

Австралиецот Брентон Тарант застрела 41 лице во џамијата Ал Нур и 8 други во џамијата Линвуд и сето тоа го пренесувал во живо на фејсбук, пред да биде неутрализиран и уапсен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.