Вчера премиерката Магдалена Андерсон објави нов пакет препораки и релативно благи мерки кои нема многу да влијаат на секојдневниот живот на граѓаните.

Објавил: Перо Милчин | 22 декември, 2021 5:44

Шведска подготви нови мерки против омикрон: ПЦР тест за влез во државата

Фото/Текст извор: ©магазин

Три недели откако воведоа ковид сертификати за јавни собири на повеќе од 100 луѓе и нови препораки на почетокот на декември, шведските власти повторно предложија нови мерки, како начин да се спречи ширењето на сојот омикрон.

Вчера премиерката Магдалена Андерсон објави нов пакет препораки и релативно благи мерки кои нема многу да влијаат на секојдневниот живот на граѓаните.

Три недели откако воведоа ковид сертификати за јавни собири на повеќе од 100 луѓе и нови препораки на почетокот на декември, шведските власти повторно предложија нови мерки, како начин да се спречи ширењето на сојот омикрон.

Од четврток, на сите вработени во Шведска им се советува да работат од дома доколку е можно. На своите работни места треба да останат само вработените без кои деловните активности се невозможни. Имено, работните места и јавниот транспорт во моментов се сметаат за водечки извори на инфекција.

Сите јавни собири од 20 до 500 луѓе мора да имаат обележани места за учесниците, а за сите бројни собири, како натпревари и концерти, потребна е потврда за вакцинација. Значи, да го имате прележано вирусот или да направите негативен тест не е доволно. Во трговските центри ќе има ограничен број на луѓе кои ќе можат да престојуваат во одредени области во исто време.

Понатаму, во рестораните, баровите и клубовите дозволено е послужување само на маси, со најмногу осум лица на една маса, а растојанието помеѓу масите мора да биде најмалку еден метар. Приватните собири во баровите се ограничени на 50 луѓе. Конечно, сите странци кои ќе влезат во Шведска ќе треба да направат негативен ПЦР тест, односно антигенските тестови повеќе нема да важат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...