Во скопското село Нова Брезника од удар на гром се запалила викенд куќа

Објавил: Мартин Попоски | 15 август, 2018 13:43

Гром запали викендичка во Нова Брезница

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Викенд куќа била опожарена од удар на гром вчера во скопското село Нова Брезница информираше МВР.

Околу 21:50 часот во Единицата за информации и команда Скопје Т.Т. пријавил дека во селото од удар на гром целосно била опожарена викенд куќа сопственост на Б. В. [ 50 ] од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.

Предизвикана е материјална штета а вид на местото ќе се врши во текот на денот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести