ДУИ се повеќе тоне во криминали

Објавил: Македонка Димкин | 23 јули, 2023 15:44

Груби Може и намерно го запалил личниот автомобил за да го сврти вниманието од информациите, кои секојдневно излегуваат за н

Фото/Текст извор: ©Фактор

Артан Груби не треба да лее крокодилски солзи, туку да излезе на прес-конференција и да одговори на три прашања:

Дали е вклучен во криминал и дали соработува со подземните криминални структури на РСМ, кои сега се обидуваат да ги расчистат „сметките со него“? Затоа што, овој сомнеж го отвораат синхронизираните и непосредни реакции на функционерите на ДУИ, АА и СДСМ во Владата соопштија од БЕСА.

„Или намерно си го запалил личниот автомобил за да го сврти вниманието на јавноста од информациите кои секојдневно излегуваат во јавност и ги истакнуваат сомнежите за вмешаност во криминал и корупција на лидерот на ДУИ Али Ахмети и други функционери на ДУИ, како и злоупотреба на службената должност од негова страна, за што сведочеше и самата вицепремиерка Грковска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.