Прес конференцијата која беше тематски посветена на Буџетот, со новинарските прашања на кои премиерот Заев на моменти имаше нелогични одговори, премина во фијаско

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 ноември, 2018 15:00

Груевски или Унгарија да кажат дали Груевски е киднапиран (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Денешната прес конференција на премиерот на Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев, внесе многу цинични, сатирични но и остри критики за односот што го има човек кој носи одлуки за иднината на државата.

Имено пресот на Заев предизвика лавини од реакции, и ниту една не е позитивна, а еве што кажа.

Едно е јасно, дека Никола Груевски побегнал со дипломатско возило на Унгарија. Отворена е двојна истрага која треба да утврди како избегал. Штом истрагата ќе заврши, МВР ќе ги соопшти сите детали. – рече денеска премиерот Зоран Заев.

Заев исто така изјави.

Знаеме дека Груевски е во Будимпешта и тука нема дилеми. Поднел и барање за азил. Очекуваме Унгарија да го потврди пријателството кон Македонија и почитувањето на меѓународното право, односно да го одбие барањето за азил, да го екстрадира Груевски и тој тука да ја отслужи казната затвор. – истакна Заев.

Заев не верува дека е можно Груевски да избега во Русија или во Турција, Будимпешта да му е само попатна станица, како што се шпекулира. Тоа, според него, би била огромна неодговорност од страна на Унгарија.

Ги уверувам граѓаните дека ќе направиме се што е во наша надлежност Груевски да биде екстрадиран и да ја отслужи казната во Македонија. Нема да застанеме додека тоа не се случи. И јавно го поставувам прашањето, дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија пред да биде издадена наредбата за неговото приведување пред суд или можеби бил киднапиран. Очекувам Груевски и Унгарија да дадат одговор зашто тука се отвораат други прашања, правото на азил и други околности. По одговорот на ова прашање следуваат сериозни други прашања со дебела суштина. – рече Заев.

На прашањето, зошто спомнал киднапирање, истакна дека не знае кој друг посоодветен збор да го употреби.

Секоја амбасада е екстериторијалност, територија на друга држава, секое дипломатско возило, секој авион. Зависи кое знаме го носи. Таму нашата полиција или систем не може да делува. Од тој аспект јавно прашувам, дали Груевски избегал доброволно или бил киднапиран. Може на фејсбук да дадат одговор, Груевски или Унгарија. – кажа Заев.

Тој е дециден дека мора да се направи темелна истрага и таа да се сподели со јавноста. Ако истрагата покаже дека институциите потфрлиле, одговорност ќе биде понесена.

Се води двојна истрага, една од внатрешна контрола на МВР за можна одговрност на полицијата или на некој вработен во Министерството, а друга под раководство на Јавното обвинителство и МВР за организиран криминал, за сите елементи на бегството на Груевски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.