Според мене, за еден човек да остане човек до крај, во вакви моменти треба да даде поддршка, но тој го прави тоа спротивното – вели Ѓорчев за поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Објавил: Македонка Димкин | 21 септември, 2023 14:29

ГРУЕВСКИ САКА ДА ГО РАЗРУШИ ВМРО-ДПМНЕ ВО МОМЕНТ НА НАЈГОЛЕМО ЕДИНСТВО! Марјан Ѓорчев со жестоки критики до својот поранешен лидер и ривал

Фото/Текст извор: ©Радио Лидер

Според мене, за еден човек да остане човек до крај, во вакви моменти треба да даде поддршка, но тој го прави тоа спротивното – вели Ѓорчев за поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Истакнатиот член на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен амбасадор, градоначалник, какои кандидат за лидер на партијата Марјан Ѓорчев во своето гостување во радио Лидер зборуваше за случувањата поврзани со Никола Груевски односно, кој е интересот на Груевски да работи за уставни измени и потенцираше дека сето ова се прави во период кога ВМРО-ДПМНЕ е најкомпактно, стабилно и со најголем број градоначалници во историјата на локалните избори.

– Тука е и проблемот, необјасниво е зошто тој би преземал каква било акција во делот да може да се разруши стабилноста на ВМРО-ДПМНЕ, кога ВМРО-ДПМНЕ е најкомпактно, после конгресот, каде со акламација е избран проф.д-р Христијан Мицкоски. И второ, во момент кога по локалните избори ВМРО-ДПМНЕ е со најголем број градоначалници во историјата на локалните избори во Република Македонија – рече тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.