Ресорот на Дескоска со лошите оценки за работа од Европската Унија, најдобра причина официјална Будимпешта да одлучи за доделување политички азил на поранешниот премиер

Објавил: Мартин Попоски | 21 ноември, 2018 6:39

Груевски со азил поради лошите оценки за судскиот систем во Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерската за правда, Рената Дескоска, која заглави со 800 страното барање за естрадикција на Никола Груевски од држава која веќе му додели статус на политички азилант, со уште еден пораз врз основ на што е донесена одлуката.

Македонија има лошо правосудство и очајни услови во затворите, рече шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергели Гулаш, кој одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека за ситуацијата во македонското правосудство говорат и извештаите на Европската комисија и Советот на Европа кои редовно даваат лоши оцени.

Токму овие параметри, како што вели Гулаш, се земаат предвид во постапката за добивање азил во Унгарија.

Одговарајќи на пратеничко прашање во унгарскиот парламент како може Груевски да аплицира за азил кога влегол во Унгарија од Србија која е безбедна земја, Гулаш претходно во понеделникот кажа дека принципот на безбедна земја е важен, но според процедурата за барање азил треба да се земе предвид ситуацијата во Македонија со судскиот систем и условите во затворите, додавајќи дека не е сигурен дека Груевски добил фер судење при изрекувањето на двегодишната затворска казна.

Од Министерството за правда информираа дека барањето за екстрадиција на Груевски е подготвено и може да се очекува денеска да биде испратено до унгарските власти без разлика на позитивниот одговор од стана на унгарските власти за азил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.