Довчерашните шпекулации за тоа дали имало или не уцени, закани и откуп на пратенички гласови за уставни измени, јавно ги потврди и поранешниот премиер, Никола Груевски

Објавил: Мартин Попоски | 21 ноември, 2018 6:56

Груевски тврди, братот на Заев и главниот обвинител му нуделе непристоен предлог

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Според пишувањата на унгарскиот весник „Маѓар идок“, во барањето за азил кое Груевски го поднел, напишал дека добил понуда од блиски луѓе на премиерот Заев, но тој ја одбил.

Весникот посочува детали од опсежното барање на поранешниот премиер за доделување статус на политички азилант.

Кога се обидел да ја одложи казната, братот на премиерот Заев и главниот обвинител му рекле дека неговото барање ќе биде прифатено ако ги убеди пратениците од неговата партија да гласаат за уставните амандмани. – пишува весникот, цитирајќи делови од барањето за азил на Груевски.

Груевски во барањето додал дека животот му е во опасност и е жртва на политички прогон.

Тој се повикувал и на аболицијата на Иванов, писмото од Комисијата за дискриминација, но и тоа дека СЈО работело под притисок.

Во решението за азил, унгарските власти потврдиле дека тој не смее да се врати во Србија и Црна Гора, затоа што македонските власти имале добри односи со овие две земји и ќе го испорачале назад.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести