Тој во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јули, 2020 18:20

Вице Заев: Објавените разговори се лаги- Заеви се чесни и вредни Македонци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако денеска на Јутјуб каналот се појави нова аудио бомба за Заеви, се огласи и Вице Заев, братот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

– Објавените рекла-казала лаги од трети лица нема да ги попречат Заеви да даваат плати и да плаќаат даноци. Целосно ги отфрлам како лаги и манипулации објавените рекла-казала муабети во кои трети лица го спомнуваат моето име. Тоа се очајни лаги произлезени од фејкњуз подрумите на опозицијата. Заеви се чесни и вредни Македонци. Режимските инсталации нема да не спречат да продолжиме да даваме плати, да плаќаме даноци и да ги помагаме македонските граѓани, посочува Вице Заев.

Вице реагираше на аудиоснимката, која денеска е објавена и на нов Јутјуб канал, насловен како „Вице мафијашот“. Разговорот во кои се слушаат две лица е именуван како „Вице даде зелено светло да запалам коли“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести