Никола Груевски се шетал во трговскиот центар, веќе кога бил испразнет, пред да се затворат продавниците.

Објавил: Перо Милчин | 21 јануари, 2019 17:45

Груевски ужива на шопинг во Будимпешта

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Унгарскиот портал 444.hu објави видео од бившиот премиер на Република Македонија Никола Груевски, како се шета во трговскиот центар „Вест енд сити“(WestEndCity), кој се наоѓа точно во центарот на Будимпешта на познатата улица „Ваци“.

Никола Груевски се шетал во трговскиот центар, веќе кога бил испразнет, пред да се затворат продавниците. Тој е главна атракција на унгарските медиуми, кои го снимаат и фотографираат насекаде, трговски центри и луксузни ресторани.

Унгарски портали пишуваат дека Груевски, кој со помош на унгарски дипломати пребегна во Будимпешта каде за брзо време доби политички азил поради неговата загрозена безбедност.

– Во речиси празен трговски центар и затворени продавници, се шета спокојно. Да, со големи гради се чувствуваш целосно безбеден, пишува порталот 444.ху, пренесувајќи го коментарот на авторот на видеото.

Груевски побегна во Будимпешта во ноември минатата година, и го избегна одржувањето на затворската казна од две години колку што беше осуден во случајот „Тенк“.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.