Иако скоро сите пратеници многу добри се информирани, и си го посакуваат ова, сепак истите избегнуваат да зборуваат за повеќе детали се додека законот не се усогласи со Владата.

Објавил: Македонка Димкин | 23 декември, 2018 14:30

Група пратеници со желба кај дедо мраз, сакаат цел живот да уживаат?

Фото/Текст извор: ©архива / магазин

Пратениците од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, како и друга група на пратеници, знаејќи го фактот дека последен па ќе бидат пратеници,  бараат пратеничките бенефиции да им важат и по истекот на мандатот.

Според извори до кои дојде Магазин носител на иницијативата за посебните бенефиции е пратеникот Ејуп Алими  од ДУИ кој е осомничен од СЈО за уништување на изборен материјал.

Тие си посакуваат кога ќе престанат да бидат пратеници, да ги чека работно место во државна служба. Иако скоро сите пратеници многу добри се информирани, и си го посакуваат ова, сепак  истите  избегнуваат да зборуваат за повеќе детали се додека законот не се усогласи со Владата.

Во далечната  2005-тата, беше изгласан Закон кој на пратениците им  овозможуваше  да се пензионираат со 25 години стаж или  55 години возраст, а  пратеничките, со 25 години стаж и 53 годишна возраст.

Законот требаше да важи за сите поранешни народни избраници почнувајќи од првиот парламентарен состав. Но, поради елементите нееднаквост и ретроактивност, шест месеци подоцна, Уставниот суд ги укина спорните членови.

Сега, доколку Владата прифати, ова би било уште еден обид да се воведе специјален, бенифициран статус на пратениците.

„По одредени неофицијални најави пренесени во медиумите, информираме дека за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија дополнителни привилегии за пратеници не се прифатливи.
Повластен статус за вработување не смее да има само затоа што некој бил избран или именуван функционер.
Бенефициите треба да им следуваат на граѓаните, а не да се зголемуваат кај оние кои треба да им служат на граѓаните.

Во Работното тело за реформи, велат дека овој закон не е приоритет. На денешната седница разговарале за 19 реформски закони кои сакаат да ги донесат или барем почнат до крајот на годината, а потоа уште за 15 кои произлегуваат од нив. Тука се законите за судови, судски совет, обвинителство, СЈО, антикорупција и слично.

Целиот реформски пакет, важен за очекуваниот старт на пристапните преговори со ЕУ во јуни, треба да се најде на седница од понеделник. Законите што се усогласени и со афирмативно мислење од Венецијанската комисија ќе одат во скратена постапка, а дел во редовна и ќе бидат донесени до крајот на јануари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.