Главна тема на средбата Нетанјаху, Коѕијас и Христодулидис, била соработка во енергетскиот сектор и развојот на Источно средоземноморскиот гасовод

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 септември, 2018 12:32

Грција, Кипар и Израел на трилатерална средба

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Проширувањето на соработката со акцент врз енергетиката била главна тема на трилатералната средба на министрите за надворешни работи на Грција, Кипар и Израел која вчера се одржала во Ерусалим.

Бенјамин Нетанјаху пред средбата го истакнал значењето на трилатералната соработка во енергетскиот сектор и истакнал дека во центарот на вниманието на трилатералната средба бил развојот на Источно средоземноморскиот гасовод.

Израелскиот премиер и министер за надворешни работи рекол дека тоа може да стане еден од најголемите подводни проекти во светски рамки. Во исто време истакнал дека трите земји  сметаат дека е особено важно сите држави да ги почитуваат меѓународно признатите територијални води.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјавил дека на средбата се разговарало и за состојбата на средниот Исток и во Сирија, и ја истакнал потребата од план за постигнување мир.

Кипарскиот министер за надворешни работи Никос Христодулидис го истакнал значењето на соработката меѓу трите земји.

По трилатералната средба, Коѕијас имал состанок со Нетанјаху на кој, според дипломатски извори, било разговарано за ситуацијата на средниот Исток и на Балканот, иднината на ЕУ и порастот на популизмот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.